Грчките медиуми штрајкуваат со прекин на програма

Грчките новинарски синдикати денеска почнаа со 24 часовен штрајк, со што прекина објавувањето на сите информативни програми, печатење на весници и објавување информации на интернет страници. Новинарските синдикати стравуваат од нови отпуштања во медумскиот сектор и бараат подобри услови за работа. Протестот следува по минатонеделното запирање на печатење на грчкиот весник „Вима“.