Медведев: Или заеднички механизам за одбрана или нова трка во вооружување

Рускиот претседател Дмитри Медведев предупреди дека нова трка во вооружување може да стартува во следнава деценија доколку не се постигне договор со Западот за нов антиракетен одбранбен систем. Медведев додаде дека во наредените 10 години земјите ќе се соочуваат со две алтернативи, или ќе потпишат договор за заеднички механизам за одбрана или ќе се натреварувааат во вооружување. Овие коменатри се дел од неговото годишно обраќање во Парламентот во Москва.