Киднапирани 9 лица во близина на Кабул

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека биле киднапирани 9-мина припадници на обезбедување кои работеле за една компанија за изградба на патишта во реонот на Кабул. Според истиот извор, 9 други лица успеале да побегнат од напаѓачите.