Самоубиствен напад во Пакистан, 6-мина загинати

Бомбаш самоубиец се разнел во близина на полициско возило во северо-западен Пакистан, при што 6 лица загинале, а 17 биле повредени. Според полицијата, во инциденот кој се случил во близина на границата со Авганистан, еден од загинатите бил полицаец, а другите биле цивили. Одговорноста ја превзеле талибанците.