Клинтон на турнеја низ Централна Азија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон започнува турнеја низ земјите од Централна Азија и Персискиот залив. Клинтон најнапред ќе престојува во Казахстан, каде што ќе се одржи состанок на ОБСЕ. Потоа, предвидено е Клинтон да ги посети и Киргистан, Узбекистан и Бахреин.