Клинтон: објавите на Викиликс напад врз меѓународната заедница

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во својот синоќешен говор околу објавените документи од серијата дипломатски дописи оцени дека тоа претставува напад врз меѓународната заедница. Клинтон рече дека објавените документи до кои дојде сајтот Викиликс предизвикуваат штети врз меѓународната безбедност и тешкотии во партнерството со странските сојузници.