Авганистански полицаец уби 6 војници на НАТО

Припадник на авганистанската погранична полиција убил шест војници на НАТО за време на обука во источниот дел на Авганистан, соопштија официјални претстваници. Авганистанскиот офицер отворил оган врз НАТО војниците во блинина на границата со Пакистан, додека тие тренирале со авганистанските сили за безбедност. Пентагон соопшти дека сите шест загинати војници биле Американци.