Девојка загина откако падна покривот во тетовската болница

Студентка од Косово денеска загина, а други две лица се повредени кога врз нив паднале куп греди и лимени блокови од покривот на интерното одделение на Клиничката болница во Тетово.Министерот за здравство Бујар Османи и Вицепремиерот Абдулаќим Адеми ја посетија денеска болницата чии што покрив се урна. Министертвото за здравство излезе со писмено соопштение во кое се вели дека жали за загубата на човечки живот и повредата на двете лица во овој нереќен случај и дека се надева оти истрагата ќе покаже зашто по три години од санирањето на овој покрив се случи ваква несреќа. Викендов се случи сличен инцидент во гостиварска болница каде силен ветер откорна дел од покривот на болницата, но помина без жртви.