Иранската нуклеарна програма - жртва на хакери

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека неколку центрифуги од нуклераните централи за збогатување на ураниум се малку оштетени од „софтвер кој бил инсталиран во електронските уреди“. Претходно во јавноста се шпекулираше дека нуклеарната програма во Иран е изложена на напад од хакери. Ахмадинеџад истакна дека сајберскиот напад успеал да оневозможи само ограничен дел од работата на нуклеарните централи.