Ердоган: Хрватска не постоеше кога Турција побара членство во ЕУ

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска во Истамбул упати критики до ЕУ поради блокирањето од некои земји на членството на Турција во Унијата.Тој изјави дека Хрватска не постоела како земја кога Турција поднела барање за членство во тогашната Европска економска заедница во 1963 година.Ердоган додаде дека земјата ќе продолжи со демократските реформи.