„Бритиш Ерлајнс“ се спојува со шпанската “ Иберија“

Акционерите во Бритиш Ерлајнс одобрија спојување со шпанската авиокомпанија Иберија СА вредно 8,9 милијарди долари. Со овој потег новата компанија може да стане трета по големина во Европа.Во соопштението на британската авиокомпанија се вели дека се очекува овој договор да биде потврден на претсојниот состанок на двете компании. Претходно двете компании најавија дека размислуваа за спојување со цел да преживет во индустријата која се соочува со глобалната економска криза.