Викиликс документи за Хрватска 1991 - 2010

Меѓу 250 илјади документи кои ги објави „Викиликс“ се наоѓаат и 1.685 тајни документи од периодот на 1991 година до февруари 2010 година, кои се однесуваат на Хрватска и во кои американски дипломати разменуваат информации за оваа земја.
Повеќето документи ги имаат ознаките „некласификувано“ и „класификувано“ - само за службени лица, додека со ознаки „најстрога тајност“ се означени 24 документи.
Засега не се знае што се наоѓа во овие документи.
Во документ од 16 септември 2009 година се зборува за состанокот на Филип Гордон, помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, со француски официјални претставници во Париз. На овој состанок Гордон го спомнува прашањето за границата на Хрватска и Словенија како „нешто што ќе биде решено“