Во Техеран еден нуклеарен научник е убиен а еден е ранет.

Иранските медиуми јавија за две одвоени експлозии во Техеран во кои загиналал познатиот нуклеарен научник, Маџид Шарири а друг Феридон Абази бил ранет.
Според известувањата, тие биле нападнати од лица на мотори кои „закачиле“ бомби на нивните автомобили на научниците додека возеле за на работа. Иранските медиуми обвинуваат дека зад нападите стојат агенти на САД и на Израел.