Изборите во Хаити завршија со протести

Изборите во Хаити завршија во конфузија, откако дванаесетмина од осумнаесетте претседателски кандидати обвинија за изборни маниполации и се откажаа од претседателската трка. Од опозициските партии обвинуваат дека партијата на актуелниот претседател Рене Превал се обидува да ги намести изборите. Незадоволството на дел од гласачите, кои не успеаа да го искористат своето право на глас, прерасна во улични протести во главниот град Порт o Прeнс.