УЈП констатира даночно затајување на „ Перо Наков“ бб

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека дека во фирми регистрирани на улицата „Перо Наков“ бб е констатирано даночно затајување и оти се водело двојно книговодство.
УЈП преку контрола на данокот за додадена вредност открила 96 милиони денари затаен данок во фирмата „Акстра трејд“.
Управата за јавни приходи очекува до крајот на годината да заврши со целосна проверка на документацијата на контролираните фирми на „Перо Наков“ бб, каде што се наоѓа седиштето на А1 телевизија.