Пожар во железничката станица во Истанбул

Голем пожар го зафати покривот на железничката станица во азискиот дел на Истанбул.Турските медиуми јавуваат дека до сега е причинета огромна материјална штета и дека постои можност пожарот да се прошири низ целата железничка станица. Се уште нема податоци за евентуални жртви. Пред избувнувањето на пожарот во најголемата железничка станица што го поврзува Истанбул со остатокот од Турција, се вршело реновирање на покривот.