Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо во интервју за европско радио предупреди дека Европа се соочува со наплив на популизам, шовинизам и екстремизам. Баросо ги повика европските политички лидери да се борат против манипулацијата со стравувањата на луѓето и непромилснеите аргументи со кои го хранат популизмот во многу земји. Тој додаде дека е загрижен и за порастот на национализмот и ксенофобијата.