Баросо се надева на едногласен договор за поддршка на Ирска

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо во интервју за радио Европа изјави дека се надева оти денеска, на ниво на министри на финасии во ЕУ ќе се донесе едногласен договор за поддршка на Ирска. Спасувачкиот пакет за Ирска изнесува 113 милијарди евра кои ќе ги добие доколку почне со спроведување на планот за намалување на буџетскиот дефицит.