Парламентарни избори во Молдавија

Денеска во Молдавија се одржуваат парламентарни избори со кои треба да се стави крај на владеачкиот вакум во земјата. За пратенички места ќе се натпреваруваат членови од 20 партии и 19 независни кандидати. За да бидат изборите легитимни потребно е да излезе на гласање една третина од гласачкото тело.
Молдавија е веќе една година е без претседател затоа што пратениците не можат да формират доволно мнозинство за да изгласаат кој да биде шеф на државата. Цела година откако поранешниот комунистички претседател Виктор Воронин се повлече од функцијата, ни еден закон донесен од Парламентот не може да стапи на сила без претседател да го потпише.