НАТО зароби талибански лидер

НАТО денеска соопшти дека во Авганистан уапсиле талибански лидер на терористичката група Хагани која е тесно поврзана со Ал Каеда, а чие седиште е во Пакистан. Тој е обвинет за поставување и активирање на крајпатни бомби со далечинско управување. Новинската агенција Асошиетед Прес јавува дека во текот на овој месец до сега воената алијанса уапсила 20тина талибански лидери од фракцијата Хагани.