Парламентарни и претседателски избори во Хаити

Граѓаните на Хаити денеска ќе избираат нов претседател и пратеници. Над 4 милиони луѓе имаат право на глас. На гласачките ливчиња се наведени 18 кандидати за претседатели и 912 кандидати за 66 пратенички места. Хаити од земјотресот кој ја потресе земјата во јануари е во постојан хаос. При земотресот во јануари загинаа над 230 илјади луѓе, а над 1 600 се разболеа од колера.