Пакистан нуди пари за информации за терористи

Пакистан нуди награда за информација за талибански милитанти кои се вклучени во планирање или спроведување на терористички напади. Министертвото за внатрешни работи соопшти дека станува збор за награда вредна 120 илјади долари за информација за терористи и доколку сакаат информаторите може да потпишат договор за заштита на нивното семејство.