Рамковски: Парите што ги најде МВР се владини пари за реклами

Сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски изјави дека парите што вчера ги покажа министерството за внатрешни работи во кеш, се пари што тој ги добил од ВМРО ДПМНЕ за реклами и дека во голем дел од рекламите биле плаќани на рака а не на легален начин на трансакциска сметка.
Уредниците на весниците Време и Шпиц Коле Чашуле и Бранко Героски соопштија дека пломбите од УЈП се тргнати и дека весниците ќе излезат во понеделник.
На денешните протести во центарот на Скопје, покрај Рамковски и уредниците, обраќање имаше и претседателот на опозициската партија „Обединети за Македонија“ Љубе Бошковски, кој на протестот дојде со група подржувачи и партиски обележја. Инаку забележливо е и присуство на опозициски претставници.
Владата ги демантира тврдењата на Рамковски дека владините реклами биле користени за покривање трошоци поврзани со партиски кампањи. Во владиното соопштение се вели дека тоа претставува груба лага и манипулација кое има цел да го оттргне вниманието на јавноста контролата на државните институции на шест компании лоцирани на истата адреса каде што се наоѓа и А1 Телевизија.