Протести во Виена против мерките за штедење

Околку 3 илјади луѓе се собрале денеска во центарот на Виена да протестираат против владините мерки за штедење. Владините преглог мерки најмногу ги погодуваат секторите образование, здравство и социјални давачки. Штрајкувачите денешниот протест ќе го завршат пред владата а најавија за вторник нов протест пред Парламентот кој ќе расправа за намалување на буџетските расходи за 1,6 милијарди евра во 2011-та година.