Су Ки се сретна со дипломат од ОН

Опозицискиот демократски лидер од Мјанмар Аунг Сан Су Ки денеска во нејзиниот дом се сретна со официјален претставник на Обединетите Нации со кого разговара за политичките затвореници во земјата.
Су Ки по средбата изјави дека се надева оти ова е првата од многуте наредни средби што ќе ги оствари откако е ослободена од домашниот притвор.
Таа денеска се сретна и со министерот за надворешни работи на Мјанмар.
Се верува дека во затворите на Мјанмар има над 2 илјади политички затвореници.