Протести во Ирска против буџетските кратења

Илјадници демонстранти денеска се собират во Даблин да протестират против буџетките кратења за излез од должничката криза. Полицијата соопшти дека се очекува околку 50 илјади луѓе да се приклучат во протестниот марш што го организира ирскиот синдикален конгрес. Демонстрантите го нарекуваат штрајкот „последна шанса “ да влијаат врз владиниот буџетски предлог пред тој да влезе во собраниска процедура и да се одобри. Според владиниот план Ирска треба во наредните 4 години да скрати 6 милијарди евра на трошоци и да собере додатни 2 милијарди евра од пораст на даноците. Со буџетскиот предлог на Ирска ќе и биде одобрен заем од ЕУ и ММФ во вредност од 113 милијарди евра.