Малики: Нема потреба да остане повеќе армијата на САД во Ирак

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави денеска дека нема потреба да се менува договорот на земјата со САД за повлекување на војниците до 2011-та година затоа што ирачките безбедносни сили се подготвени да ја преземат контролата врз земјата. Во Ирак има помалку од 50 илјади американски војници кои треба да ја напуштат земјата до 2011 –та година. Американските власти соопштија дека ќе се придржуват до договорот, но не се исклучува можноста да се преиспита тоа, ако новата ирачката влада побара да се продолжи престојот на војниците во Ирак.