Северна Кореа ја обвинува Јужна за злоупотреба на цивилните жртви

Северна Кореа денеска тврди дека Јужна Кореа намерено користи цивили како штит на островот Јеонпијеонг за да може да ги користи за пропаганда. Во соопштението од Пјонјанг е наведено дека Јужна Кореа намерно ја драматизира состојбата со жртви оставајќи впечаток дека беспомошни цивили ненадејно биле изложени на напад од Северот. Овие коментари следуваат по најавата за воени вежби на Јужна Кореа со САД на Жолтото Море.