Уапсени 12 осомничени за заложничката драма во Багдад

Ирачкото министерство за внатрешни работи соопшти дека биле уапсени 12 осомничени за нападот во црквата во Багдад во минатиот месец. Во соопштението е наведено дека тие биле поврзани со Ал Каеда. Во инцидентот во црквата во Багдад загинаа 68 луѓе, а 120 луѓе беа држени како заложници.