Експлозија во полициската станица во Авганистан, 12 мртви

Авганистанските власти соопштија дека загинале 12 полицајци при две одвоени експлозии на бомби во полициска станица во провинцијата Пактика. Во соопштението е наведено дека двајца бомбаши самоубици влегле во зградата облечени во полициска униформа и за 20 минути ги активирале бомбите. Во соопштението до медиумите се тврди дека Талибанците се одговорни за нападот.