Северна Кореа со уште едно предупредување

Северна Кореа денеска повторно ја предупреди Јужна Кореа поради најавените воени вежби со Соединетите држави на Жолто море. Во предупредувањето објавено на интеренет страницата што ја користат властите во Северна Кореа се оценува дека вежбите претставуваат провокација. Вчера официјален Пјонгјанг предупреди дека Корејскиот полустров се наоѓа на раб на војна. Од друга страна, на денешниот погреб на двајцата загинати јужнокорејски војници во севернокорејскиот артилерски напад неделава, беше побарана нивна одмазда. Со цел намалување на тензиите меѓу Северна и Јужна Кореа вчера телефонски разговарале шефот на кинеската дипломатија Јанг Џиечи и американскиот државен секретар Хилари Клинтон.