Спречено грабнување авион на летот Техеран Дамаск

Иранското државно радио јави дека денеска бил уапсен човек кој се обидел да киднапира авион на лет за Сирија. Во инцидентот, како што се додава, никој не бил повреден. Во авионот имало неколкумина членови на иранскиот парламент кои патувале на конференција во Дамаск.