Талибански мировен преговарач, натрапник

Шефот на американскиот Генералштаб адмирал Мајк Мјулен изјави дека американските власти подолго време се сомневале дека лицето кое се претставувало како талибански лидер и кое учествувало на мировните разговори со авганистанската влада било натрапник. Тој исто така изрази сомневање дека натрапникот имал можност да се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Весникот Њујорк Тајмс претходно објави дека на тајните разговори учествувал самонаречен талибански лидер кој всушност за тоа добил многу пари од претседателот Карзаи.