Локални избори во Тајван

Во Тајван денеска се одржуваат локални избори на кои се гледа како главен индикатор на расположението на гласачите пред претседателските избори во 2012 година. Во текот на вчерашната кампања било пукано врз синот на поранешниот потпретседател Лиен Чен, кој говорел на митингот на владејачката партија Коуминтанг. Оваа партија се залага за поблиски врски со Кина.