Идниот петок расправа за А1 во собраниска комисија

Постојаната собраниска анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, закажa посебна седница за следниот петок на која ќе се расправа за синоќешните случувања во националната телевизија А1. Претседателката на Комисијата Весна Бендевска предложи оваа точка да биде ставена на дневен ред на денешната седница, додека Јован Гинев од името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека тие се согласуваат да се расправа за таа тема но откако до нив ќе пристигнат информации за настаните од Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и другите релеватни институции.