Турција и Ерменија полека ги нормализираат односите

Анкара се придржува кон своите обврски за нормализирање на односите со Ерменија, изјави Претседателот на Турција Абдула Ѓул.
Тој истакна дека Анкара ќе продолжи да се залага за постигнување траен мир на Кавказ. Ѓул изјави дека кон овој процес значителен придонес има Претседателот на Ерменија Серж Саркисјан и дека очекува да бидат направени нови чекори во започнатиот политички процес. Ерменија и Турција имаат заедничка граница во должина од 330 километри, но немаат дипломатски односи од 1993 година по конфликтот во Нагорно-Карабах. Како услов за враќање на билатереалните односи Анкара бара од Ереван да се откаже од намерата за меѓународно признавање на геноцидот врз ерменскиот народ во 1915 година во Османлиската империја и од поддршката на Нагорно-Карабах во конфликтот со Азербејџан.