Путин во Германија - Хармонично од Лисабон до Владивосток

Рускиот премиер Владимир Путин пристигна во Берлин каде е предвидено да разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Путин ќе се обрати и на економскиот форум.
Во пресрет на неговата посета, Путин предложи основање на „хармонична економска заедница од Лисабон до Владивосток“, што би можело да стане слободна трговска зона. Но за весникот „Зидојче цајтунг“, Путин изјави дека најголема пречка е постоечкото визно ограничување меѓу Русија и Европската унија.