Во Солун состанок на „Црноморската Економска Соработка“

Во Солун денеска се одржува состанок на Советот на министрите за надворешни работи на земјите-членли на Организацијата за црноморска економска соработка.
Од средбата треба да прозлезе заедничка декларација во која црноморскиот регион ќе биде определен како чувствителен во однос на климатските промени. Министрите треба да изразат согласност за преземање заеднички напори насочени кон плановите за развој и спречување природни непогоди.