Трета експлозија во Пајк Ривер

Трета експлозија го потресе Нов Зеланд денеска во непосредна близина на рудникот во кој при несреќа загинаа 29 лица. Од „Пајк Ривер“ соопштија дека никој не бил повреден при експлозијата, која се случила додека спасувачките екипи им оддавале почит на загинатите со едноминутно молчење. Пајк Ривер минатата недела беше локација каде се случи најтешката рударска несреќа во Нов Зеланд во изминатиов век.