Тадиќ и Јосиповиќ ќе работат на помирување на двата народа

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска изјави дека тој и неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ се цврсто решени да се борат со предрасудите, стравувањата и непријателствата, што се уште постојат меѓу Србите и Хрватите, 15 години по завршувањето на војната. Јосиповиќ изјави дека лузните од војната се длабоки, но тој е подготвен да ги вложи „сите напори“ за нивното надминување.