Ограбена бензинска пумпа во Скопје

Две маскирани лица во текот на изминатата ноќ ја ограбиле бензинската пумпа на ,,Окта,, во скопската населба Чаир. Ограбувачите под закана со пиштол ги принудиле вработените да им го предадат целиот пазар од околу 40 илјади денари, по што избегале. Ова е трет сличен грабеж за помалку од два месеца на бензински пумпи во овој дел од градот, поради што полицијата ја истражува можноста дека станува збор за иста разбојничка група.