Жител на Бродец го обвинува Ахмети за Бродец

Жителот на село Бродец, Кадри Даути кој пред една недела на комисијата за лустрација и достави хрватски документи за поврзаност на високи функционери од ДУИ со тајните служби, денеска поделил тонски снимки за полициската акција против вооружената група во Бродец во ноември 2007-мата, кои според него докажувале дека Али Ахмети ја организирал групата на Лирим Јакупи- Нацист и Рамадан Шити. Даути вели дека ЦД-то со новото обвинување за лидерот на ДУИ му било оставено на автомобилот, и тој како што вели се што ќе добиел во врска со лустацијата и го предавал на комисијата за верификација на факти.
Владеачката партија ДУИ наваквите обвинувања се огласи со соопштение во кое се вели дека „денеска уште еднаш слабите „сценаристи и режисери“ на ДПА се обидоа да го направат наредниот фалсификат, и тоа со некои снимки за кои и јавноста знае кој и како ги направил“