Шефот на ЕУЛЕКС задоволен од средбите во Белград

Мисијата на Европската Унија во Косово соопшти дека средбите шефот на ЕУЛЕКС Хавиер де Марнак ги оддржа во Белград со српски и европски претставници биле од голема корист. Марнак изјави дека ЕУЛЕКС ќе ги зголеми своите активности и присуство во Северно Косово. Тој додаде дека е потребна отворена комуникација за полесно практично решавање на прашањата во врска со владеење на правото и избегнување на недоразбирања.