Филе и го предаде прашалникот на Србија

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска на српскиот премиер Мирко Цветковиќ во Белград му го врачи прашалникот на Европската комисија, чие пополнување е еден од условите за стекнување на статус кандидат за членство во Европската унија. Филе, за предавањето на прашалникот истакна дека тоа е „мал чекор во историјата на Србија, но е тоа голем чекор во сегашните односи на Србија и ЕУ и кон евентуално членство на Србија во Унијата“.