Филе и го предава на Србија Прашалникот на ЕУ

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска во Белград на српскиот премиер Мирко Цветковиќ ќе му го предаде Прашалникот во врска со барањето за членство на Србија во ЕУ. За време на посетата Филе ќе присуствува на седницата на Советот за европски интеграции, а ќе се сретне со претставници на парламентот и на владата на Србија.