Бан Ки Мун го осуди севернокорејскиот напад

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го осуди севернокорејскиот артилериски напад врз спорниот јужнокорејски остров во Жолто Море. Тој оцени дека станува збор за еден од најсериозните инциденти од завршувањето на Корејската војна. Бан апелира сите несогласувања да се решаваат по мирен пат и дијалог. Претходно и НАТО, Белата куќа, ЕУ, Кина и Русија го осудија нападот во кој загинаа двајца јужнокорејски војници, а 18 лица беа ранети.