Објавување на конечните резултати од изборите во Авганистан

Авганистанската Независна изборна комисија денеска ќе ги објави конечните резултати од септемвриските парламентарни избори. Резултатите досега не беа објавувани поради истрагата за изборни измами, при што беа поништени милион и 300 илјади гласови од вкупно 5 милиони и 600 илјади, а 21 кандидат кои беа прогласени за победници, подоцна беа дисквалификувани.