Времето ќе биде променливо и посвежо

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд во западните и крајните источни делови. На планините ќе има повремен снег. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од три до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 13 степени.