Груевски: Кризата од еврозоната нема да има директен удар врз Македонија

Кризата од еврозоната нема да има директен удар врз македонската економија но може Македонија индирекно да се почуствуват последиците ако таа се продлабочи оти 60 проценти од македоскиот извоз е насочен кон земјите од Европската Унија.
Ова го изјави денеска македонскиот премиер Никола Груевски говорејќи на Европскиот лидерски форум во Лондон, во рамки на неделата на светскиот бизнис.Тој истакна дека благодарение на стабилната макроекономија, на еден од најмалите буџетски дефицити во регионот и како земја со мал јавен долг Македонија сепак може да се брани од кризата на еврозоната.Груевски најави дека македонската Влада планира економски раст од 5,6 отсто до 2012 . Но, како што вели, таквиот планиран раст ќе зависи од развојот на ситуацијата со еврото.