Грчка екстремистичка група презема одговорност за пакет-бомбите

Грчката екстремистичка група „Заговор на јадрата на огнот“ ја презеде одговорноста за испраќањето пакети-бомби овој месец до различни амбасади во Атина и до европски политички лидери, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на политички извори.
Над десет пакети-бомби беа пратени од Грција до европски лидери, како и до странски амбасади во грчката престолнина на 4 и 5 ноември.
Тринаесет членови на организацијата сега се под истрага од грчкиот судски систем под обвинение за припадност кон терористичка организација.